
73-годишна жена е тешко повредена откако се судриле возило „лада“ и товарно возило на една скопска улица.
– На 09.09.2025 околу 17:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „лада“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(76) од Скопје и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(49) од Скопје, стои во денешниот полициски билтен.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „лада“, Ј.П.(73) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.