
На 20.05.2025 во 21.06 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Прилеп, кај мостот на река Шемница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Л.(56) од село Горно оризари, битолско и трактор со приколка, по што возачот на тракторот го напуштил местото на несреќата, известија од полицијата.
Во несреќата возачот на патничкото возило Г.Л. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.