Skip to main content
Свет

Се судрија два брода на реката Елба, 11 повредени

20/01/2025  11:38

Единаесет лица се повредени кога транспортен брод се судри со траект на реката Елба во северниот германски пристанишен град Хамбург, соопштија денеска пожарникарите.

Едно лице се здобило со повреди опасни по живот, изјави портпаролот во близина на местото на несреќата. Бродовите се судрија рано утрото во близина на мостот Колбранд во југозападниот дел на Хамбург.

Причините за несреќата се уште не се познати.