
Во судир на два автобуси на јавен превоз во западниот германски град Сарбрикен повредени се многу луѓе, меѓу кои и деца, соопшти денеска полицијата.
Според информациите, досега повредени се повеќе од 35 лица. Пет од лицата се потешко повредени.
Полицијата соопшти дека патот на тој правец е затворен, и дека во транспортот на повредените е вклучен и хеликоптер.