
Автобус на ЈСП и автомобил „Ауди“ се судрија на булеварот „Водњанска“. Сообраќајната несреќа, случена на делот од булеварот кој е стеснет поради куќата, предизвика сообраќаен колапс.
Во несреќата учествувале автобус и патничко возило „Ауди“ со тетовски ознаки. До овој момент, пријава за повредени лица нема, велат од СВР Скопје за Курир.
Овој булевар е еден од најфреквентните во градот поради Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.