Skip to main content
Македонија

Филхармонија доби албанец директор – Ќе свири ли Филхармонија на протестите на студентите наместо во сала?!

25/03/2025  18:47

И покрај серијата протести и предупредувања од вработените, Министерството за култура го потврди именувањето на Мустафа Имери за нов директор на Македонската филхармонија пишува журнал.мк

Оваа одлука предизвика дополнително незадоволство меѓу вработените, кои тврдат дека нивните апели за транспарентен и законски избор биле игнорирани.

Незадоволство кај вработените и најави за радикални мерки

Вработените во Филхармонијата изразија длабоко разочарување од одлуката на Министерството. Тие најавуваат дека ќе продолжат со протестите и дека ќе ги искористат сите легални средства за да го оспорат именувањето на Имери. Синдикалната организација на вработените истакна дека ова е преседан кој може да има долгорочни негативни последици врз функционирањето на институцијата. Се споменуваат сериозни протести па дури некои од вработените споменуваат и радикализација и приклучување на студентите на протестите наместо во сала.

Именувањето на Мустафа Имери за директор на Македонската филхармонија отвори бројни прашања за начинот на кој се избираат раководните лица во културните институции. Додека Министерството сè уште не се огласи по ова прашање, вработените остануваат на ставот дека изборот е резултат на политички договори и дека не ги одразува вистинските потреби на институцијата.

Останува да се види како ќе се развива ситуацијата и дали ќе дојде до промени во однос на ова контроверзно именување.