Skip to main content
Хроника

Се рушат рекорди: Виничанец возел со 2.88 промили алкохол во крвта – веднаш го привеле

14/06/2025  13:41

На 13.06.2025 година во 17.15 часот, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода Н.К.(67) од Крушево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници го сопреле патничкото возило „Застава” со крушевски регистарски ознаки, кое го управувал Н.К. и по преземени мерки констатирано е дека тој бил под дејство на алкохол, односно дека имал 2,09 промили алкохол во крвта. Н.К. бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Исто така денеска (14.06.) во 00.06 часот полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Д.(42) од Виница, поради тоа што кај него биле измерени 2,88 промили алкохол во крвта, откако претходно на излезот од село Зрновци кон село Лески, кочанско, додека управувал патничко возило „Фолксваген голф” без регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртил на патот. Тој е исклучен од сообраќај, известен е надлежен ЈО, и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.