Skip to main content
Скопје

Се реконструира улицата ,,Светозар Марковиќ” во Центар

03/03/2026  09:27

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши  увид во активностите за реконструкција на улицата „Светозар Марковиќ” во населбата Ново Маало.

Реконструкцијата на улицата опфаќа површина од 1.310 м² и должина од 210 метри. Во моментот на терен се поставува нов асфалт.

„Во Центар се реализираат конкретни проекти, со стандарди што граѓаните ги заслужуваат. Секоја уредена улица е чекор поблиску  кон поразвиена и побезбедна општина. Реконструкцијата на улицата ,,Светозар Марковиќ„  ќе овозможи полесно движење за граѓаните и безбеден сообраќај, воедно ќе придонесе за поуреден изглед на населбата”, посочи Герасимовски.

Реконструкцијата предвидува проширување на улицата, нови рабници и тротоари, ново улично осветлување и поставување атмосферска и фекална канализација.