Skip to main content
Скопје

Се расчистува депонијата кај ,,Борис Трајковски”

15/01/2026  15:49

Се расчистува мини депонијата во близика на СЦ ,,Борис Трајковски” од страна на Општина Карпош.

„Оваа мини депонија одреден период несовесно се полни со шут и со друг отпад и имаше тенденција да прерасне во сериозен извор на загадување, па оттука Општината интервенираше и спроведува акција за нејзино расчистување, како и поставување заштитна рампа која би спречила повторно депонирање на отпад“, соопшти Општината.

Инспекторатот од Општина Карпош будно ќе следи и превенира случаи на несовесно фрлање на отпад и ќе казнува согласно своите надлежности и законски прописи на целата територија на Општина Карпош.