
Потрошувачите во Германија треба да бидат особено внимателни, бидејќи Maggi повлекува две супи од брокули, бидејќи некои пакувања можат да содржат метални делови.
Производот не смее да се консумира, бидејќи металните делови можат да предизвикаат повреди на устата, хранопроводот или гастроинтестиналниот тракт.
Производите кои се погодени со повлекувањето од пазарот:
Име на производот: Maggi “5-минутна терина” брокули (нем. Maggi “5 Minuten Terrine” Broccoli-Nudeltopf)
Производот се наоѓа во пластична чаша
Број на серија и датум на истекување на рокот на употреба (MHD):
50590703K, 02.2026
50770703K, 03.2026
50530703K, 02.2026
50520703K, 02.2026
50550703K, 02.2026
50540703K, 02.2026
Како што пишуваат германските медиуми, купувачите ќе добијат поврат на сумата за производите, и тоа без потреба од приложување на фактура.