
Сè повеќе млади лица завршуваат на клиника со симптоми на срцев удар, предупредуваат лекарите. Според српскиот кардиохирург проф. д-р Миљко Ристиќ, бројката на пациенти под 40 години со кардиоваскуларни заболувања расте од година во година, а дел од случаите завршуваат и фатално.
„Сè повеќе луѓе помлади од 40 години доаѓаат поради симптоми на срцев удар. Главните причини се три: пушењето цигари, кое доведува до стеснување на крвните садови; физичката неактивност, недоволното спиење, стресот и нездравата исхрана; и генетиката – особено ако во семејството има лица со срцеви заболувања“, објаснува Ристиќ.
Лекарите апелираат дека единствениот начин да се намали ризикот е промена на лошите навики и водење на поздрав стил на живот. „Секојдневното игнорирање на предупредувачките сигнали е директна закана по здравјето и животот,“ потенцира професорот.