
Наталија Ѓорѓиеска која во пожарот во дискотелата “Пулс” во Кочани го загуби својот сопруг, познатиот пејач на групата „ДНК“, по денешното обвинение на Обвинителството се огласи на социјалните мрежи со јасна порака.
Таа бара неселективна правда за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која загина и Андреј.
„Бараме неселективна правда. Без калкулации, без привилегирани и без заборавени. Ако не ја добиеме – ќе зборуваме погласно. И ќе не’ има се повеќе. Ако институциите не покажат дека можат и сакаат да ја спроведат правдата подеднакво за сите – тогаш допрва ќе бараме одговорност. И оставки“, напиша Ѓорѓиеска на „Фејсбук“.
Инаку Обвинителството не се откажува од гонење на преостанатите членови на бендот кои ги обвинија дека ја донеле пиротехниката кобната вечер. Јавниот обвинител Коцевски денес изјави дека се сигурни во обвинението а доказите ќе ги презентирале во судот.