Skip to main content
Македонија

Се одржа уште еден марш на ангелите во Кочани за помош на семејствата на жртвите и повредените во пожарот

17/05/2025  17:47

Попладнево во Кочани започна уште еден протест за подршка на семејствата на жртвите и повредените во страшниот пожар во кој загинаа 62 млади луѓе. Присутните побараа неселективна правда како и реакција за условите во кои се лекуваат повредените во пожарот.

Меѓу насобраните се издигнуваа транспаренти, а еден од нив моќно ја пренесе пораката на револтот: „Системот убива, институциите молчат!“