Skip to main content
Музика

Се одложува концертот на „Бјело дугме“ во Скопје: „Прерано е за концерт“

28/03/2025  11:56

Во овие чувствителни моменти, сметаме дека е прерано за концерт, информираат од Прагма продукција.

„Токму затоа, заедно со Бијело дугме одлучивме концертот кој требаше да се одржи на 12 април во Скопје, да го презакажеме за 31 мај 2025 година. Сите купени билети остануваат важечки за новиот датум. Ве информираме дека интересот за концертот е огромен и истиот е пред распродавање! Ви благодариме на разбирањето“, велат од продукцијата.