
Се одложи рочиштето на кое требаше Љупчо Палевски-Палчо да продолжи со давање исказ за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Утринава, судот добил известување од адвокатот на Палевски, дека не е во можност да присуствува од здравствени причини.
Палевски е последниот сведок кој треба да сведочи, откако претходно, покрај сведоците на обвинителството, беше сослушан таткото Александар Ѓорчевски, како и останатите обвинети. според досегашната динамика на судењата, расправите требаше да завршат до крајот на месец мај, а веќе во јуни да може да се донесе пресуда, одлагањата на рочиштата од било која причина може да го успорат процесот.