Skip to main content
Свет

Се одложи гласањето за спроведување на царинскиот договор меѓу ЕУ и САД

23/02/2026  17:31

Се одложи гласањето за спроведување на царинскиот договор меѓу ЕУ и САД.

„Сакаме да добиеме јасна порака од САД дека тие го почитуваат договорот“, рече Ланге по консултациите со други пратеници на ЕУ, пренесе ДПА.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и американскиот претседател Доналд Трамп минатото лето се согласија за максимална царина од 15 отсто за поголемиот дел од увозот на производи од ЕУ во САД.

Правно обврзувачкиот договор што тогаш беше изработен со САД сè уште треба да биде одобрен од Европскиот парламент.

Врховниот суд на САД, во петокот, меѓутоа, зададе тежок удар врз трговската политика на Трамп, пресудувајќи дека правната основа што се користи за многу од царините наметнати на речиси сите трговски партнери на земјата е неоправдана, потсетува ДПА.

По неуспехот на Врховниот суд, Трамп прво во петокот објави царини за увоз во САД од 10 отсто за сите производи, пред да ги зголеми во саботата на 15 отсто.