Skip to main content
Македонија

Се обновува „Мостот на желбите“ пред стартот на туристичката сезона

26/05/2025  16:12

Во пресрет на летната туристичка сезона, ЈП „Градски пазар“ – Охрид започна активности за обновување на познатиот „Мост на желбите“.

Во рамки на зафатите предвидено е освежување со нова боја, замена на оштетените даски и поставување на синџири, кои се карактеристичен дел од овој симболичен мост. Со овие активности, ЈП „Градски пазар“ има за цел да придонесе за разубавување на урбаната средина и да понуди пријатна атмосфера за посетителите и туристите кои секое лето во голем број го посетуваат Охрид, велат од претпријатието.

Посочуваат дека „Мостот на желбите“ е едно од омилените места за фотографирање и оставање симболични желби, а неговата реконструкција ќе ја зголеми неговата привлечност и оваа сезона.