Skip to main content
Хроника

Се напил па со автомобил се забил во оградата на комшијата – приведен жител од делчевско

28/10/2025  11:55

Ноќеска во 00:55 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во село Габрово, делчевско, патничко возило „опел“ со бугарски национални ознаки, управувано од О.З.(55) од с.Габрово, удрило во ограда на негов сосед.

При преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека тој е под дејство на алкохол, односно дека го управувал возилото 1,82 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода, информираа од полицијата.