
Метео-прогнозер Славчо Попоски предупредува дека од крајот на овој месец Балканот може да се соочи со сериозно заладување и снежни врнежи.
„Од 26-ти март 2026 прогностичките модели цртаат сериозни снежни врнежи и снежен бран во поголем дел од Балканот. Зимата по се изгледа допрва доаѓа“, најавува Попоски.
Оваа најава доаѓа во период кога температурите беа во пораст, па граѓаните треба да се подготват за можен снежен пресврт во последната недела од март.


