Skip to main content
Македонија

Се испитува дали детергенти, индустриски хемикалии илу неопасен отпад се причината за пената што се појави во канал кај Таор, Зелениково

22/11/2025  18:05

За една недела ќе се знае што точно се случи вчераутро (петок), кога одводниот канал кај село Таор, Општина Зелениково, што се влива во реката Вардар, беше целосно прекриен со густа бела пена. Ова го најавија по вонредниот инспекциски надзор од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), чии инспектори биле на терен во текот на вчерашното попладне.

„За да се утврди што точно тече во Вардар, на барање на Општината, екипи од Институтот за јавно здравје веднаш зедоа мостри од водата и од сомнителната пена за хемиска анализа. Резултатите, кои ќе бидат готови наредната недела и доставени до ДИЖС, треба да покажат дали станува збор за детергенти, индустриски хемикалии или друг вид опасен (или неопасен) отпад. Поради поврзаноста на системите за одведување на отпадни води, се разгледува можноста овој настан да е во корелација со загадувањето со пена од пред неколку дена во Општина Гази Баба – инцидент предизвикан од приватен автосервис кај клучка Ченто, кој ќе биде санкциониран согласно надлежностите на Инспекторатот на Град Скопје“, соопштија од ДИЖС.

Целиот текст на Сакам да кажам со клик ТУКА.