
Етиопиан Ерлајнс денеска го започна градежниот проект вреден 12,5 милијарди долари.Според функционерите, овој проект ќе резултира со изградба на најголемиот аеродром во Африка до 2030 година во етиопскиот град Бишофту.
Државната авионска компанија доби договор за проектирање аеродром со четири писти во градот, лоциран околу 45 км југоисточно од Адис Абеба.
„Меѓународниот аеродром Бишофту ќе биде најголемиот инфраструктурен проект за авијација во историјата на Африка“, изјави премиерот Аби Ахмед Али на платформата X.
Новиот аеродром ќе има паркинг простор за 270 авиони и ќе може годишно да прими до 110 милиони патници. Според премиерот, сегашниот аеродром ќе достигне своите граници на капацитет во следните две до три години.

