
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје бара притвор за 40-годишен скопјанец кој пијан ја истепал и изгризал мајка си. Проив него ОЈО поведе постапка за кривично дело Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
„Во семејниот дом на 8 јуни, во алкохолизирана состојба, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ја повредил неговата мајка. Најпрво почнал да ја навредува, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по лицето и телото и да ја гризе. Од зададените удари оштетената се здобила со телесни повреди“, вели Обвинителството.
Имајќи ја предвид пред се опасноста од бегство и ризикот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.