Skip to main content
Хроника

Се бара притвор за дилерот на марихуана, фатен пред детска градинка во Скопје

02/09/2025  19:46

Истражна постапка против 19-годишен жител на Гевгелија, поведе скопското јавно обвинителство, за поседување на марихуана спакувана во 100 зипер ќесички, наменети за продажба.

Осмоничениот бил фатен од полицијата во близина на детска градинка во Скопје. Тој се обидел да избега и да ја фрли дрогата, но бил совладан од полицијата.

Поради опасност од бегство и повторување на делото, обвинителството побара одредување на мерка притвор.