Skip to main content
Македонија

Се бара одземање на имунитет на пратеник од Левица 

10/12/2025  20:03

Родителите на 13 годишното девојче повредено во сообраќајна незгода во која учествувал Сашко Јанчев пратеникот од Левица, побараа од Собранието да ја отпочне постапката за одземање на негов имунитет. Според нив, без тоа нема да има фер постапка. Несреќата се случи на 14 септември кај село Марино.

Во истата несреќа беше повреден и 16 годишен мотоциклист од Идризово. Мотоциклистот почина подоцна на 9 октомври од повредите.

Во поднесеното барање родителите тврдат дека постои ризик пратеникот да ја искористи функцијата за да избегне мерки на органите и додаваат дека не добиле извинување или човечка поддршка од него по трагичниот настан