Skip to main content
Македонија

Се апси низ Прилеп – меѓу уапсените бивши функционери и директори на болницата

21/10/2025  19:43

Во тек е акција на финансиската полиција во Прилеп. Според неофицијални информации приведени се 27 лица поврзани со сомнежите за сторен криминал во работењето на прилепската болница.

Меѓу уапсените има поранешни директори и високи функционери кои се очекува да бидат изнесени пред јавен обвинител.

Од страна на надлежните спроведени се и претреси во нивните домови, а едно осмничено лице поради влошена здравствена состојба е хоспитализирано.