![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2025/02/brifingsdsm-1024x595.jpg)
Темата за менување на државниот грб е уште еден предлог кој доаѓа од никгде никаде од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ смета претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Тој на денешниот брифинг со новинари кажа дека државниот грб ги отсликува сите карактеристики на ова поднебје i сите заедници во државata, не прави етнички поделби и е континуитет од антифашистичката борба.
„СДСМ жестоко ќе се спротивстави на менување на државниот грб“ порача Филипче, адресирајќи прашање до ВМРО-ДПМНЕ, дали покрај промена на грбот, се разговара и за промена на државната химна.