Skip to main content
Македонија

СДСМ започнува серија прес-конференции „Вистината за Кочани“

31/05/2025  10:51

СДСМ од денес ја објавува вистината за Кочани, во серија на прес конфернеции ќе ги објавиме сите факти и докази за тоа како Обвинителството и власта ги заштитија актуелните функционери, најавуваат од опозициската партија

„Јавноста ќе дознае кого кријат и сите детали со кои Владата и Коцевски ги заштитија блиските луѓе на Тошковски, Мицкоски и сите кои требаше директно да одговараат.

Селективната правда повторно ги убива жртвите и им става сол на раните на семејствата. Правда во овој случај нема.

Денешната прес конфернеција ќе се одржи во 13.00 часот, во седиштето на СДСМ на којашто ќе обрати потпретседателката на партијата, Каја Шукова“ се наведува во соопштението на СДСМ.