Skip to main content
Скопје

СДСМ: За хаосот во Скопје и ЈСП најголема вина имаат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

22/09/2025  20:18

Соопштение на СДСМ:

Скопје е во тотален хаос и нефункционалност веќе 4 години, со колабиран јавниот превоз  катастрофално лоша состојбата во ЈСП само поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кавги со Арсовска.

Политичките пресметки се врз грбот на граѓаните на Скопје, затоа скопјани немаат превоз, немаат град.

ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот на град Скопје, но секогаш советниците ги кочат одлуките на штета на граѓаните. Управниот одбор на ЈСП исто така е на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ го остави Скопје без автобуси и создаде хаос во јавниот превоз. Нема ниту М од модерно Скопје. Ги нема ветените 250 нови автобуси кои Мицкоски ги ветуваше пред скопјани а го нема ниту бесплатниот превоз. Само заради тоа што им пропаднаа бизнис зделките со Арсовска.

Јасно е ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје, тие се најголемите виновници за катастрофата која што му се случува на ЈСП и на целиот град.