
ДПМНЕ овие денови се осмели да изгласа Резолуција со која директно се удира врз слободата на говорот.
Поводот беше темата со која повеќе не можеа да се справат „мигранти за пари“.
По сите обиди за дефокусирање од суштината, лажни вести, кривични пријави, обиди за внесување раздор во редовите на СДСМ, јавни закани со затвор, стана јасно дека се соочуваат со „пожар“ што не можат да го изгаснат.
Затоа вреди да се потсетиме на некои детали од не така далечното минато и да направиме паралела со она што денес се случува во Македонија.
Паралелата меѓу укинувањето на слободата на говорот од страна на Хитлер во Германија во 1933 година и неодамнешната Резолуција на ДПМНЕ во Македонија за мигрантите е јасен пример како изговорите за „безбедносни закани“ се користат за ограничување на политичката опозиција и јавната дебата.
Во Германија, Адолф Хитлер го искористи пожарот во Рајхстагот на 27 февруари 1933 година – настан што нацистите му го припишаа на комунистите, иако постојат сериозни сомнежи дека бил намерно предизвикан, како повод за донесување на Декретот за пожарот во Рајхстагот на 28 февруари.
Со овој декрет беа суспендирани клучни граѓански слободи од Вајмарскиот устав, вклучително слободата на говор, печат и собирање. Тоа овозможи масовни апсења без суд и воспоставување диктатура. Овој чекор беше клучен во воспоставувањето на тоталитарната власт, зацврстена со Законот за овластувања во март истата година, со кој Хитлер доби неограничена моќ.
Слично на тоа, во Македонија, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на 17 ноември 2025 година ја усвои т.н. „Резолуција за мигрантите“, која наводно се занимава со политика против „нелегалната“ миграција, но, во суштина е насочена кон осуда на опозицијата, пред сè СДСМ – за наводно „ширење паника“ и „манипулации“ поврзани со темата мигранти.
Оваа резолуција, усвоена во Собранието со 65 гласа „за“ и 5 „против“, ја обвинува опозицијата за создавање „манипулативна тема“, тврди дека нема мигрантски кампови и ја поддржува владината политика на „стабилност и безбедност“.
Приказната за мигрантите, која беше потврдена и од британски медиуми што известуваа за преговори меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија за депортација на мигранти со понуди за исплата од 20.000 фунти по примен мигрант, послужи за ВМРО-ДПМНЕ како „пожар“, односно изговор за донесување резолуција која фактички ја ограничува слободата на говор на опозицијата, обвинувајќи ја за ширење паника и дестабилизација.
ДПМНЕ ја искористи оваа тема за да ги прогласи критичарите за дезинформатори, што директно потсетува на нацистичкиот пристап, каде секоја критика се толкува како закана за државата.
Оваа паралела не е случајна, ако се земат предвид историските корени на ВМРО. Историската Организација првично настанала како движење на интелектуалци со идеја за борба против окупаторот на Македонија, но под водство на Ванчо Михајлов тргнала по сосема друг пат.
Со него, Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО), чиј наследник е денешната ДПМНЕ, во 1920-тите и 1930-тите години добива полуфашистички карактер преку соработка со авторитарни режими, вклучително фашистичка Италија и Независната Држава Хрватска (НДХ) под усташкиот режим за време на Втората светска војна.
Методите на ограничување на слободата на изразување под изговор на „национална безбедност“ не се туѓи на оваа традиција, што ги прави денешните постапки на ВМРО-ДПМНЕ уште позагрижувачки од аспект на демократските стандарди.
Дали Христијан Мицковски или Христијан Мицковиќ е најблискиот соработник на Александар Вучиќ и СНС?
Дали сега е појасно зошто беше усвоена оваа Резолуција?
Со тоа што Мицковски ги држи сите граѓани како заложници околу прашањата за мигрантите, демократијата и слободата на говор, и притоа одбива јасно да каже дека изборите се приближуваат (препишувачка школа на Вучиќ), време е и членството на ВМРО-ДПМНЕ да одлучи на која страна ќе застане.
Дали ќе бидат колаборанти со изолираниот и санкциониран Вучиќ и ќе ја спроведуваат политиката што таа линија ја носи со себе, или ќе се изборат за вистинско ВМРО – ВМРО кое стои на страната на демократијата, слободата и народот на Македонија.
Одлуката е нивна.
Антифашизмот е темелна вредност и клучен дел од македонскиот идентитет. Тоа го одбележуваме секоја година на 11 Октомври.
Нема да ви дозволиме.
Правдата ќе победи.
Македонија ќе победи.
Ќе ја вратиме власта во рацете на народот!
Борбата започна и нема да запре.
СДСМ Центар за комуникации со јавноста

