Skip to main content
Македонија

СДСМ во 12 часот ќе објави документи за скандалот со Меџити

24/02/2025  10:19

Опозициската СДСМ вчера на прес-конферецнија изнесе информации за наводен корупциски скандал во кој е вмешан првиот вицепремиер во Владата, Изет Меџити.

„Бараме премиерот Христијан Мицкоски да излезе и да одговори: дали е точно дека Државниот управен инспекторат констатирал „злоупотреба на службената должност“од страна на министерот и вицепремиер Изет Меџити и неговиот кабинет? Не е прашањето дали Меџити бил лишен од своите надлежности, прашањето е дали во Решението на Инспекторатот од 17.01.2025 година е констатирана злоупотреба на службенета должност. Бараме веднаш Решението на инспекторатот да биде јавно објавено. Јавноста мора да им увид во сите детали“ рече вчера потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски.

Како што дознава 24инфо.мк, денеска на прес-конферецнија СДСМ ќе објави документ поврзан токму со овој случај на Меџити.

Останува да видиме дали станува збор за Решението на Државниот управен инспекторат или можеби станува збор за други документи.