Skip to main content
Македонија

СДСМ: ВМРО тоне подлабоко во своите лаги, повлекувањето на Кедев го откри сценариото со Жан

02/02/2026  13:32

Соопштение за јавност на СДСМ:

Само некој што е целосно разоткриен се обидува да се оправда со уличарска комуникација за да ја сокрие својата вмешаност, како што тоа го прави ВМРО. 

Повлекувањето на Кедев им го разотри целосно нивно сценарио.

За најголемиот скандал во историјата на македонското здравство, со непотребни операции на срце, два и пол месеци нема ништо. Никој не е обвинет, нема кривични пријави, не се соопштени клиниките ниту инволвираните.

После два и пол месеци излегува Жан и го клевети претседателот Филипче. За неколку дена Обвинителството отвора предмет по допрен глас, па се повлекува Кедев само два дена потоа.

Мицкоски од собраниска говорница дели задачи на судии и обвинители и се заканува на опозицијата.

Случајно? Сигурно не.  Ова е јасна, координирана операција. Сѐ што кажа СДСМ се потврди.

ВМРО тоне сѐ подлабоко, во нивните лаги веќе ниту децата во Македонија не можат да поверуваат.

Наместо панични реакции ВМРО да одговори: дали Кедев се повлече под притисок за Жан да го наклевети претседателот Филипче?

Каде е Жан? Зошто никогаш не отиде во Обвинителство?

Зошто чекаше години и се јави откако СДСМ ги откри криминалните тендери и медиумскиот октпод на Орбан во Македонија?

Дали позади дилот стои целосно заташкување на скандалот со непотребните операции за да се спаси Жан Митрев?