
Соопштение на СДСМ:
На денешната седница на Советот на Општина Аеродром мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да дискутира на оваа тема и на тој начин да ги расчистиме сите шпекулации во јавноста. Наместо тоа добивме ветување од градоначалникот Дејан Митевски дека за предложената точка ќе имаме прилика да дискутираме на друга седница на Советот. Ќе го држиме за збор, изразувајќи жалење што мнозинството не ја виде потребата од итноста на предложената точка.


