Skip to main content
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е неспособно и плати да исплати, 988 вработени во инспекторатите се без плата

16/01/2025  12:36

Соопштение за јавност на СДСМ:

Власта на ДПМНЕ е нспособна ниту постојните плати за вработените во јавниот сектор да ги исплати.

988 вработени во инспекторатите ги оставија без плата токму за празниците само затоа што Министерството за финансии не си ги исполни своите обврски.

Речиси илјада вработени во сите инспекторати во државата се уште не зеле плата за декември, иако вчера истече и последниот законски рок.

Власта на ДПМНЕ и на Мицкоски е неспособна и воопшто не им е грижа за работниците, тие се грижат само за елитата и своите бизнис партнери.