Skip to main content
Македонија

СДСМ: Вистинските потреби се платите на граѓаните на Македонија е не дали соседите ќе дојдат да точат гориво 

11/03/2026  17:01

Мицкоски денеска изјави  дека владата им се ставила на располагање на соседните држави, нивните граѓани да полнат гориво за пониска цена, иако веќе е многу поскапена и не е како што беше.

Вистинските потреби се платите на граѓаните на Македонија, а не грижата дали граѓаните од други земји ќе доаѓаат во Македонија да точат гориво.

Мицкоски се грижи за граѓаните од соседните земји а не се грижи за своите граѓани.

Утре кога ќе пораснат цените на прехранбените производи, ниту 600 евра нема да бидат доволни на македонските работници. 

Македонците ќе немаат за леб а не за гориво.

Дали тогаш Мицкоски ќе им каже на македонските граѓани да одат во странство за да јадат?

Токму поради ваквите „политики” на ВМРО и Мицкоски младите бегаат од државата.

Наместо да бидеме дел од ЕУ, со отворен пазар и можности сите да бидат тука.

Дополнително, Мицкоски денеска повторно излажа.

Во Македонија горивата поскапеа најмногу од целиот регион, за дури 14,8%. Во Србија поскапеа само за 1,5%, во Бугарија само за 1,8%, во Хрватска за 1,4%. А во Македонија за 14,8%!

И покрај тоа сите земји преземаа мерки за намалување на цените, само владата на Мицкоски не.

Мицкоски лаже, а кој лаже тој и краде!

СДСМ, Центар за комуникации