Skip to main content
Македонија

СДСМ утре ќе објави нови детали од бегството на Груби, но и индиции за вмешаност на Тошковски и МВР во целиот случај

18/12/2024  22:03

Откако денеска објави детали за бегството на поранешниот вицепремиер Артан Груби, СДСМ за утре најавува нови сознанија.

Како што дознава 24инфо.мк главната опозициска партија, СДСМ утре претпладне ќе излезе со нови детали околу тоа како и со чија помош Груби ја преминал државната граница со Косово.

Според најавите од СДСМ, бегството на Груби имало поддршка и од Министерството за внатрешни работи и неговиот прв човек.

Сите детали ќе бидат соопштени утре на прес-конференцијата на СДСМ.