Skip to main content
Македонија

СДСМ: Уште колку животи треба да згаснат за Тошковски да поднесе оставка? 

07/03/2026  09:28

Не е само последната трагедијата во која згаснаа животите на мајка и дете и коа ја потресе целата јавност. 

Премногу трагедии, премногу згаснати човечки животи, премногу жртви поради сериозните пропусти во системот на МВР.

За случајот со трагедијата во Капорш две години имало дури 12 пријави за семејно, физичко и психичко насилство. МВР на Тошковски потфрлил.

За случајот со семејно насилство во Велес каде беа загубени два човечки животи исто така пропусти на МВР.

За случајот со серискиот убиец во Старо Нагоричане каде има 5 жртви исто така пропусти на МВР.

За трагедијата во Кочани исто така.

Сите овие случаи, сите овие трагедии го потврдуваат распадот на институциите и неспособноста на раководството на МВР да обезбеди заштита на граѓаните.

Наместо одговорност, јавноста гледа обиди Тошковски да ја побегне од одговорноста преку дефокус и медиумски кампањи.

Дефокусот нема да ги врати жртвтите. Оставка на Тошковски е минимум политичка одговорност и единствениот морален чекор по ваков трагичен институционален неуспех на МВР.

Уште колку животи треба да згаснат за Тошковски да поднесе оставка?

Ниту една функција не е поважна од човечкиот живот.

Крвави ви се рацете! Оставка!

Центар за комуникации, СДСМ