
Христијан Мицкоски го зеде судството и обвинителството во свои раце па сега се фали со добиени судски пресуди против СДСМ. Па нормално дека Мицкоски добил пресуда, се наведува во соопштението на СДСМ, пренесено интегрално.
Но баш чудно, зошто токму денес го објавува овој голем „успех“ на судството на Мицкоски?
Токму кога најавивме иницијатива до Уставниот суд за неуставната Резолуција со која сакаат да ја замолчат опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари!
Дали и во Уставниот суд Мицкоски планира да прави притисок за да одлучува „брзо“ за иницијативата на СДСМ?
СДСМ нема да дозволи задушување на демократијата и слободата на медиуми.
Со сите демократски механизми ќе се бориме за Макеоднија дури и пред меѓународните институции.
Нема да ви помине.
Центар за комуникации СДСМ


