Skip to main content
Економија

СДСМ: Тотален дебакл на Мицкоски во економијата – инфлација од 3,3% го изеде стандардот

11/06/2025  11:55

Интегрален текст од прес-кнференција на Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ:

Се случува тотален дебакл на економски план, економската политика на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно промашена.

Последните податоци на Државниот завод за статистика, покажуваат инфлација од 3,3%. 

Овие бројки не се само статистика – тие се реалноста во секој македонски дом, во секое македонско семејство. 

Сѐ е поскапено. Животот за граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ стана „купи ден – помини”. 

Инфлацијата го јаде семејниот буџет, платите, но и самиот економски раст.

Ова е уште една потврда дека фалбите за некаков раст на БДП или дека сме биле 4 та економија во Европа нема никаква врска со реалноста, тоа е една голема лага.

Прво Мицкоски излажа за растот на БДП, не е 3,4% како што рече тој, туку 3%. 

Но, кога ќе се спореди со поголемата инфлација од 3,3%, значи не само што нема раст, туку е негативен.

Затоа и куповната моќ на македонските граѓани во споредба со целиот регион е најмала.

Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53% и така натаму.

Ова е тажната реалност. Животот во Македонија е неподносливо скап, народот има се помалку пари. Граѓаните преживуваат од ден за ден. 

Купуваат се помалку, пресметуваат секој денар, одат во продавница со страв. 

Наместо решенија и заштита на стандарот власта на ВМРО-ДПМНЕ реши да ги покачи платите ама само на функционерите.

За работниците – ништо, нема пари, власта има пари само за зголемивање на платите на фунционерите. 

Без трошка срам министерката за финансии тврди дека повисоки плати ќе предизвикале инфлација.

Ова е врв на безобразие.  Работниците не заслжуваат ваков однос, вакво понижување.

СДСМ бара итна промена на курсот, владата да преземе итни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и да ги покачи платите на работниците.