
Соопштение за јавност на СДСМ:
Факт: Фирма основаната минатата година, без историја, без искуство, добива 9 милионски договори за тендери од владата на Христијан Мицкоски.
Сума: 9 милиони евра!
Период: Само во шест месеци во 2025 година.
Број на тендери: 6 од кои 4 се добиени од Генералниот секретаријат на владата на Мицкоски, еден од ЕСМ и еден од Министерство за администрација.
Документи: Да. Објавени се сите и достапни се за јавноста. Биро за јавни набавки.
Факти плус: Второ вработено лице е поврзано со УБК на Мијаков и уништувањето на опремата за прислушување.
Вклучени: Власта на Христијан Мицкоски. Чуварите на наследството на Груевски и Мијалков.
Преземени акции: Јавно објавени факти, документи и аргументи. Поднесена пријава до ДКСК.
Потребно: Институционално постапување на ДКСК, ЈО, Финансиска полиција. Одговороност.
Работата не е завршена!
