Skip to main content
Македонија

СДСМ со онлајн петиција: „Да ја одбраниме Македонија!“

09/12/2025  16:00

По најавата на претседателот Венко Филипче за отпочнување широка акција под мотото „Да ја одбраниме Македонија“, СДСМ го направи првиот чекор и официјално покрена онлајн петиција.

Од партијата порачаа дека ова е повик за заедничко делување со цел, како што велат, да се спречи „антидржавното и антинационално однесување на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Ги повикуваме граѓаните да нè поддржат и да ни помогнат да го спречиме ова антидржавно и антинационално однесување на ВМРО-ДПМНЕ. Време е за заедничка акција“, стои во нивното соопштение објавено на Фејсбук.

СДСМ ги охрабрува сите заинтересирани да ја поддржат иницијативата преку потпишување на онлајн петицијата. „Кликни на линкот и потпиши!“, повикуваат од партијата.

ЛИНК до петицијата