Skip to main content
Македонија

СДСМ со амандмани бара измени на КЗК и враќање на 353 од пред 2023 година

23/01/2026  11:34

Соопштение за јавност на СДСМ:

Пратениците на СДСМ поднесоа повеќе амандмани на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

Во нив се земени предвид аргументите на експертите и невладините организации изнесени на јавната расправа како и заложбите на СДСМ за прецизни законски решенија кои ќе обезбедат услови за борба притив криминалот и корупцијата.

СДСМ бара менување на членот 353 Злоупотреба на службената положба и овластување и враќање на решението пред измените на Кривичниот законик од 2023 година.

Сегашните измени кај челнот 353 ја намалуваат одговорноста кај најважното – тендерите.

Ова мора да се промени. 

Тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ е позната по начинот на којшто ги дели тендерите на свои фирми и без оваа промена нема никаква борба против криминалот и корупцијата.

СДСМ бара и целосно бришење на рокот од 5 години. Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден. Правдата и украдените пари на граѓаните не смеат да имаат рок на траење!

Дигиталните податоци и снимки од системот „Safe City” мора да се бришат во рок од 48 часа! Пристап до нив може да има само и исклучиво со судски налог. Не може да се дозволи МВР да го злоупотребува, да бидат партиски инструмент за следење и уцена на граѓаните.

Бараме драстично зголемување на казнената политика за секој кој се организира во група за вршење тешки кривични дела. Мора да има јасно разграничување и максимални казни за мафијашките структури.

Бараме зајакнување на кривично-правната заштита на децата од најтешките форми на експлоатација. Тука нема место за компромис или благи казни.

Покрај овие клучни столбови, СДСМ со амандмани бара и проширување на условите за конфискација: за имотот да не може да се сокрие зад туѓи имиња и параван-фирми.

Додека ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ го подготвуваат теренот за легален грабеж на парите на граѓаните, СДСМ поднесе амандмани кои значат само едно – одговорност и казна.