Skip to main content
Македонија

СДСМ: Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ е неуставна

19/12/2025  08:43

Соопштение за јавност на СДСМ:

Со неуставна Резолуција ДПМНЕ-ЗНАМ сакаат да ја задушат демократијата и слободата на говор во Македонија.

Целта е по секоја цена да се обидат да ја замолчат опозицијата да зборува за темата мигранти и нивниот договор. Со забрани и закани за кривични пријави да нема дебата за она што тајно го договориле далеку од очите на јавноста.

СДСМ тоа нема да го дозволи. Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда.

Прв чекор ќе биде претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок која ќе ја поднесеме денеска.

Предавничката Резолуција е спротивна на Уставот во делот на основните човекови слободи и права а тоа е слободата на изразување и политичко делување. 

Заедно со граѓаните Фронтот за правда ќе се бори за Македонија, за слободата и демократијата со сите демократски механизми.

Ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата!

Борбата продолжува!