Skip to main content
Uncategorized

СДСМ: Пожарите беснеат на сите страни – ВМРО-ДПМНЕ покажа тотална неспособност

28/07/2025  10:23

Соопштение за јавност на СДСМ:

Ситуацијата со пожарите во земјава е алармантна: над 50 пожари се регистрирани за едно деноноќие, веќе со денови гори на планините и во шумите, пожари има во Берово, Прилеп, Катланово, Петровец, Кичево, Кратово, Крива Паланка, Желино, Македонски Брод… 

Над 20% од вкупната површина на шуми и пасишта се изгорени, претворени во пепел.

Наместо брза, координирана и силна реакција, владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа катастрофлана неспособност во справување со пожарите.

Се доцни со интервенцијата на терен, со што се дозволува пожарите да земат огромен замав, нема нова опрема, нема доволен број на пожарникари, нема доволно лица на теренот.

Иако власта ветуваше дека оваа година биле најспремни за пожарите и нема да дозволат да земат замав се покажа дека се било голема лага.

Нема нови противпожарни возила, затоа што за ВМРО-ДПМНЕ приоритет беше купивањето службени мобилни телефони за дури 7 милиони евра. Колку противпожарни возила можеа да се купат со 7 милиони евра?

Нема нови системи и авиони за гасење пожар затоа што власта се расфрлаше со парите на граѓаните за приватни летови, за скапа морска храна, папаја и манго.

Нема вработување на нови пожарникари, нема зголемување на платите на пожарникарите затоа што за ВМРО-ДПМНЕ приоритет беа партиските списоци за вдомување на партиските членови.

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ ги одбиваше сите предлози на СДСМ.

Последно, во Собранието ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржа ниту амандманите на СДСМ со ребалансот да се обезбедат повеќе пари, 500 милиони денари за зголемувањето на бројот на пожарникарите, за зголемување на нивните плати, како и набавка на нова опрема.

Страшно, жално и крајно неодговорно е однесувањето на Владата кон целата состојба со пожарите.