Skip to main content
Македонија

ИО на СДСМ го прифатил предлогот Д-р Трајановски да биде нов потпретседател

14/11/2025  16:33

Извршниот одбор на СДСМ го прифатил предлогот на претседателот на партијата Венко Филипче, за нов потпретседател на партијата да биде нивниот кандидат за градоначалник на Аеродром, доктор Александар Трајановски

Вчера на Извршниот одбор, секако, беше прифатен, поддржан предлогот на претседателот Венко Филипче за потпретседател на партијата да биде реномираниот доктор Трајановски, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Трајановски, доктор по ортопедски болести своевремено беше и директор на ТОАРИЛУЦ, а на местото потпретседател на СДСМ доаѓа откако од таа позиција си замина професорката Ана Чупеска.

За официјализирање на неговата функција треба да биде изгласан на седница на Централниот одбор, највисокото партиско тело помеѓу два Конгреса.