Skip to main content
Македонија

СДСМ организира трибина „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ”

21/06/2025  18:34

Утре (недела, 22.06.2025 година) во седиштето на СДСМ во Скопје, ќе се одржи тематска конференција – трибина под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ”. информираат од партијата.

Трибината започнува во 12.00 часот, предвидени се вкупно пет панели,  со по неколку излагања на понелисти од различни области, со учество на експерти, членови на раководството, на партиските комисии и завршен панел на којшто ќе се обрати претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Трибината СДСМ ја организира по повод една година од мандатот на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.