Skip to main content
Македонија

СДСМ објави нова тура кандидати за градоначалници, меѓу нив не е Костадинов од Струмица

02/07/2025  20:00

Претседателот на СДСМ пред малку објави нови имиња за кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.

Претседателот на партијата соопшти кандидати за градоначалници на помали општини како Карбинци, Сопиште, Дебарца, Демир Хисар, а најзвучна општина меѓу нив беше Струмица.

Но таму, за нов мандат нема да „трча“ актуелниот градоначалник Костадин Костадинов.

Како што соопшти Филипче. кандидат на СДСМ за Струмица ќе биде Марјан Даскаловски, претседател на општинската организација на партија.