Skip to main content
Македонија

СДСМ: Мицкоски се заканува, со контра Резолуцијата се потврди дека мигранти ќе има

14/12/2025  16:16

Денеска е денот на разјаснувања и потврди на сè она што СДСМ го говори.

По признавањето за предавството на Македонија, и тоа преку контра Резолуција со која ДПМНЕ потврдува дека ќе има мигранти за пари, денеска се потврдува и дека ќе има избори на пролет.

Или уште попрецизно, дека изборите ќе бидат во март.

„Ама ќе дојде март“ вели денеска Мицкоски. Дури ги поместува порано, од април за во март. 

На Мицкоски и неговата екипа им се брза поради случувањата во регионот но и дупката во буџетот. Нема пари. Дупката е над една милијарда евра сега, трезорот се затвора утре, на 15 декември, најрано досега.

Сценариото сега веќе на сите им е познато: Мигранти за пари, но пред тоа избори, во март.

Сè што СДСМ досега го најави се одвива пред нашите очи. 

Знаеме што правите. Нема бегање, порачаа од СДСМ.