Skip to main content
Скопје

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се виновни за депониите кои го трујат Скопје

11/09/2025  09:23

Соопштение на СДСМ:

На Скопје и на пола Македонија им се заканува еколошка катастрофа поради тоа што четири години ВМРО-ДПМНЕ не мрднаа со прст да го решат проблемот со депониите. 

Секојдневно, стотици илјади граѓани се под закани на канцерогени материи, затоа што неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ дозволи дивите депонии да станат еколошки бомби.

Неспособното ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници се најголемата катастрофа за Скопје.  Ветуваа дека сите депониии ќе ги исчстат и ќе најдат решение, после 4 години нема ништо од тоа. Резултатот е поразителен, задушен град и огромен ризик по здравјето на скопјани од канцерогени материи. 

Орце Ѓорѓиевски нели е претседател на ЗЕЛС зошто се крие? 

Треба да престане да бега, да излезе и да им каже на граѓаните зошто четири години не е решена депонијата Вардариште, зошто не е решена Дрисла, зошто ништо не е направено? 

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го загушија Скопје и ја трујат Македонија, и токму тие се најголемите виновници за еколошката катастрофа што се случува.