
Соопштение на СДСМ:
Само 10 минути по прес конференцијата на претседателот Филипче машинеријата на кујните на ДПМНЕ почнаа да работат.
На пример, Vecer.mk, познатиот по Латас, кој очигледно повторно ја преземал улогата на главен и одговорен уредник на кујната на ДПМНЕ. И веднаш, по системот на ВМРО-ДПМНЕ само копи-пејст ја објавуваат и други:
https://vecer.mk/makedonija/0ae56692-09c8-444d-80e0-5aba5822d724-1
https://republika.mk/vesti/makedonija/hrabriot-filipche-izbega-od-sopstvenata-pres-konferenczija/
Исто како во времето на Никола Груевски.
Не можеа да додржат ниту 10 минути!
Целта: Да го свртат вниманието од главните теми: мигрантите договорени од власта и нападот на медиумите по српско сценарио.
Додека се занимаваа со нарачките од кујните на ДПМНЕ ги заобиколија своите колеги, новинари од Инфомакс.мк кои синоќа беа нападнати.
Се враќаме кон медиумски мрак, Никола Груевски повторно владее во Македонија!
