
Соопштение на СДСМ:
МВРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки.
Повторно воспоставување на режимските практики, на контрола преку заплашување и прислушкување на новинари, активисти и неистомисленици на власта.
На почетокот на мај оваа година МВР потпишало Договор за набавка на софтвер кој се користи за прислушкување и шпионажа на телефонските уреди.
Дали следењето и прислушкувањето новинари, активисти и политички неистомисленици се таргет на МВРО-ВМРО?
Софтверот “Селебрајт Инсајтс Про” како и “НовиСпај” се алатки развиени за потребите на српската Безбедносно информативна агенција.
Проблематично е тоа што во светските медиуми и официјални соопштенија на Гугл, за овој софтвер се наведува дека бил користен за следење на новинари и активисти.
“Амнести интернешнл” во својот извештај објави целосно истражување и форензички резултати за овие случувања.
Сега МВР набавува годишна лиценца за софтвер Cellebrite Inseyets Online Pro, годишна лиценца за Recon ITR, Recon Lab, Exterro FTK Enforcement Bundle за 9 милони денари.
Ова се скандалозни и загрижувачки информации.
Зошто МВР го избра најсомнителниот софтвер, познат по низа скандали и незаконско следење?
Ќе се прислушкува ли повторно „на големо” и тоа без соодветни одобренија од правосудните органи?
Ќе има ли кој да контролира и како би се контролирало недозволено следење, снимање, упад во комуникациите на граѓаните?
МВР должи одговори на јавноста.